Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 треба да се дава само на лица на возраст под 65 години, објави денеска германскиот комитет за вакцини во ажурираната препорака за вакцини, повикувајќи се на недостатокот на доволно податоци за препорака на употреба на оваа вакцина кај постари возрасни групи.
Во моментот, нема доволно податоци за проценка на ефикасноста на вакцината за лица над 65 години, наведе комитетот во одлуката, што ја стави на располагање на германското Министерство за здравство, објави „Ројтерс“.
Вакцината на „АстраЗенека“, за разлика од вакцината mRNA, треба да им се нуди само на лица на возраст од 18 до 64 години во секоја фаза, се вели во соопштението.
Европската агенција за лекови утре ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19.