Германската амбасадорка во Бугарија: С. Македонија мора да си ја заврши домашната задача за да влезе во ЕУ

од Nikola Popovski
269 прегледи

Ќе биде предност за Северна Македонија да влезе во Европската Унија, но мора да си ја завршат домашната задача, да се држат до договорите, изјавила германската амбасадорка во Бугатија, Ирене Марија Планк во интервју за БГНЕС.

Амбасадорката истакнала дека билa сведок на напорите на актуелната бугарска влада да одржи пријателски тон, да се држи до актуелните прашања и да не се настојува со, како што пишува, емотивното преуредување од минатото.

„Верувам дека Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го прави она што рече дека ќе го направи. Мислам и дека Бугарија е во право што има пријателски пристап. Владата го прави тоа и јас стојам целосно зад тоа“, рекла таа.

„Мислам дека навистина треба да гледаме во иднината. Бугарија и Северна Македонија се блиски соседи и би било во интерес на сите да се оди напред“, додала Планк, прецизирајќи дека Петра Дрекслер (германската амбасадорка во Скопје) е многу посветена амбасадорка.

Според неа, Германија е на страната на сите кои сакаат да влезат во ЕУ, под услов да ги исполнат критериумите.

Слични содржини