Германската католичка црква го промени својот внатрешен закон: хомосексуалци сега можат да работат во нивните институции

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Германската Римокатоличка црква во вторникот го измени законот за работни односи, меѓу другото, за да ја укине дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација во институциите што ги води.

Католичките бискупи од 27 епархии во Германија се согласија со промените по неколкумесечна дискусија. Одлуката ја донеле една година откако 125 вработени јавно признале дека се хомосексуалци и побарале укинување на дискриминацијата во законот за работни односи.

Досега работниците во црковните институции можеа да останат без работа доколку, на пример, стапат во истополово партнерство или пак се венчаат по развод. Т.н. „Основно правило за служба во црквата“ е основа за работните права и обврски на 80.000 вработени во Германската црква.

„Јасно како никогаш досега, различноста во црковните институции се препознава како предност“, објави Германската бискупска конференција.

Томас Шулер, експерт за канонско право, рече дека епископите биле мотивирани од одлуките на „државните судови за труд кои долго време не ги применувале одредбите од трудовото право во врска со личниот живот“.

Слични содржини