Германската Влада демантира дека Меркел и нудела помош на Меј

од desk2

Германската Влада денеска ги негираше наводите на британскиот таблоид „Сан“ дека канцеларката Ангела Меркел и понудила помош за британската премиерка Тереза Меј за да постигне подобар договор за Брегзит.

Во соопштението до германската Влада се наведува дека „Сан“ погрешно ја пренел содржината на неодамнешниот телефонски разговор помеѓу Меркел и Меј.

Во соопштението се посочува дека канцеларката Меркел „не дала никакви уверувања кои се над она што е дискутирано во Европскиот совет во декември и што е наведедно во писмото на Жан Клод-Јункер и Доналд Туск“.

Слични содржини