ГЕРМАНСКАТА влада денеска ја повика Приштина да ги одложи плановите за воведување на еврото како единствена валута во Косово, нагласувајќи дека оваа одлука ќе биде „значаен чекор со далекусежни последици“ што може да ги зголеми тензиите во покраината.
– Силно апелираме до Косово да го одложи датумот на имплементација додека не се најде прифатливо решение – изјави Кристиан Хофман, заменик портпарол на Владата.
Централната банка во Приштина на почетокот на овој месец објави дека од следната недела ќе ја спроведе одлуката за укинување на динарот од процесот на плаќање на Косово.
Народната банка на Србија посочи дека најавените мерки на Приштина за спречување на влезот и користењето на српскиот динар на Косово имаат за цел исклучиво негирање на основниот приход што населението и деловните субјекти го остваруваат во динари во земјата, а со што се спречуваат основните услови за опстанок пред се на српското население.