Бодо Вебер, експерт за Балканот и висок соработник на Советот за политика на демократизација во Берлин, смета дека иднината на политиката на проширување на Европската унија кон Западен Балкан ќе зависи од односите меѓу Берлин и Париз.
Бодо тврди дека за да се продолжи со реализацијата на определбата на Германија за политиката на проширување, мора да се водат сериозни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон, во спротивно, додава тој, изгледите за членство во ЕУ за регионот „конечно ќе бидат мртви во 2022 година“.
-Франција не само што две години го блокираше отворањето на претпристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, туку и претседателот Макрон, иако тоа не го кажува отворено, лично е против политиката на проширување, изјави Вебер во разговор за „Косово онлајн“.