Германски јасновидец: Третата светска е неизбежна, ќе започне од Балканот!

од desk3
124 прегледи

Ќе експлодира ненадејно за една ноќ, предвидува Алоис Ирлмаиер. Познавачите тврдат дека  германецот Алоис Ирлмаиер кој живеел во првата половина на 20 век  е меѓу најсилните јасновидци, кој живееле некогаш, пишува Тоска.мк. Тој им помогнал на многу луѓе да ги откријат своите блиски, изгубени во Втората светска војна.

Бил обвинет за “вештерство”, но судијата го ослободил кога Ирлмаиер точно опишал што правела неговата сопруга истиот ден и како била облечена.   Според неговите предвидувања, Третата светска војна е неизбежна и ќе се води на Медитеранот и Блискиот Исток. Тој смета исто така дека сè ќе започне по убиство на Балканот. “Сите ќе зборуваат за мир. Одеднаш, сепак, ќе започне војна и тоа ќе биде многу жестока. Искрата ќе биде запалена на Балканот. Гледам како еден голем маж паѓа, крај него лежи крвав нож. Две лица ќе го убијат третиот кој е многу влијателен. Тие се платеници, ќе им биде платено од други луѓе да го извршат убиството. Едниот убиец е низок, другиот малку повисок, со светла коса. Ова ќе се случи на Балканот. Одмаздата ќе дојде брзо отаде Големата вода. Во меѓувреме жолтата змија ќе изврши инвазија на Аљаска и Канада истовремено, но нема да стигне далеку. Кога златниот град ќе биде уништен, војната ќе започне. ” “Годината пред војната ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување, за една ноќ”, тврди Ирлмаиер.