Германски медиуми: Елон Маск е во Берлин на „тајни“ разговори за вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski
353 прегледи

Основачот на Тесла, Елон Маск, според „Дас Билд“, во среда ќе се состане со германското Министерство за економија. Маск во неделата објавил дека причина за посетата на Германија е потрагата по вакцината, а германскиот гигант за производство на вакцината „CureVac“ сега го потврди тоа.

„Основачот на Тесла, Елон Маск е во земјата од понеделникот и планира, според Билд, да има, меѓу другото, и таен разговор со германскиот министер за економија Питер Алтмаер“, објавил „Дас Билд“.

Медиумите во Германија известуваат за потврда од раководството на CureVac дека Маск и раководството на компанијата од Тубинген ќе се сретнат „во текот на оваа недела“.

„CureVac“ е, патем, една од најперспективните компании во светот за успешно производство на вакцината прптов Ковид-19. Владата на Сојузна Република Германија ги обезбедилс своите интереси во јуни со купување на 17 проценти од компанијата по цена од 300 милиони евра.

Многу порано, на 2 март годинава, низ целиот свет се појави веста дека американскиот претседател Доналд Трамп понудил милијарда долари за ексклузивните права на вакцината на која оваа компанија веќе започна да работи. Неколку дена подоцна, на 15 март, германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, за медиумите потврдил дека канцеларката Ангела Меркел „ќе ја предводи кризната средба со министрите“ и дека ќе се разговара за „стратегијата за одбрана“ на „CureVac“.

„Коронавирусот веќе не е само здравствена криза, туку и прашање на национална безбедност“, стоеше тогаш во изјавата пренесена од Њујорк Тајмс.

Зехофер тогаш потврди дека „слушнал од неколку членови на владата“ за обидот на Трамп да го преземе „CureVac“.

Маск и CureVac се поврзани уште од почетокот на јули, кога заедно поднесоа барање за патент за „евентуално револуционерен биореактор на РНК“. Маск тогаш објави дека потпишал договор со компанијата според која неговата Тесла ќе гради „РНК микро-фабрики “ за CureVac. Во таа насока во саботата се појави и објавата на Маск на Твитер дека се подготвува за патување во Германија.

Во неделата кога Маск пристигна во Германија, локалните медиуми анализираа зошто неговата посета на „CureVac“ е планирана далеку од медиумите и со многу непознаници, до тој степен што дури и „Дер Шпигел“ го објави насловот: „Тајната на CureVac на Елон Маск“.

„Елон Маск ќе го посети CureVac за да се распраша за напредокот во развојот на вакцината против Ковид-19. Сè уште не е целосно јасно дали доаѓа како партнер или како освојувач, стои во анализата во која „Дер Шпигел“го остава отворено прашањето дали Маск можеби доаѓа само да види како работите се развиваат или можеби тој сака да „оствари уште поголемо влијание“.

Слични содржини