Германски медиуми: “Не е исклучена употреба на силa во судирот меѓу Хрватска и Словенија околу Пиранскиот залив”

од desk3
83 прегледи

 

 Deutshe Pressе Agentur  се позанимава со спорот меѓу Хрватска и Словенија, кој го опишува “како кавга на две членки на ЕУ кои се повеќе ги интензивираат заканите една спрема друга”, а текстот го пренесоа бројни германски медиуми како што се  Frankfurter Algemeine Zeitung i Suddeutsche Zeitung.

“Соседите веќе не исклучуваат ниту употрбата на полициски сили во кавгата околу спорниот Пирански залив”, се наведува во текстот. Се истакнува дека хрватската страна смета дека арбитражната одлука е штетна, што ја  поддржа и словенскиот професор по право Миха Погачник, и дека словенскиот премиер Миро Церар одржал состанкок со опозицијата од која добил поддршка за можна употреба на полициски сили во спроведувањето на арбитражната одлука.

“Пред тоа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги охрабри хрватските рибари да ја игнорираат пресудата на арбитражниот суд и да продолжат да рибарат како и до сега”. Текстот подсетува дека Европската унија учествуваше во тоа Хрватска и Словенија да ги примораат на арбитража и дека арбитражниот суд одлучи на Словеија да и се додели  “поголем дел од десетгодишниот спорен Пирански залив“ како и „непречен премин до меѓународните води”, но дека Хрватска уште од 2015 година отстапила од арбитражната постапка “по што Словенија ги повредила правилата на процесот”.На крајот  DPA напоменува дека германскатак влада порачала дека арбитражната одлука треба да се прифати и да се спроведе.