Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на „катастрофален“ нов бран на коронавирус во Германија доколку не се договорат доволно мерки за борба против ковид-19 пред есен.
„Доколку влеземе во есен како што сме сега, без заштитни маски, без ништо, тоа би значело дека бројот на заразени ќе се зголеми нагло, но и дека одделенијата за интензивна нега ќе бидат преоптоварени“, изјави тој за ДПА за време на неговата посета на Вашингтон.
Истовремено, продолжи тој, болничкиот персонал ќе бидат болен и што ќе биде дополнително оптоварување за здравствениот систем.
„Тоа е како свеќа што гори на двата краја“, рече тој.
„Потребни ни се мерки, тоа е јасно…не е за дебата, ние ќе бидеме подготвени“, рече Лаутербах.
Тој не сакаше да навлегува во тоа какви мерки ќе се применуваат, велејќи дека тоа е предмет на доверливи преговори со други министерства, вклучително и со Министерството за правда.
„Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш владата мора да одлучи за нови мерки“, рече Лаутербах.