Германски научник тврди: Короната потекнува од лабораторија, имам докази

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Германскиот нано-научник Роланд Визендангер тврди дека постојат докази дека коронавирусот не преминал од животните на луѓето, туку потекнува од лабораторија.

Научник од Хамбург за германските медиуми изјави дека има вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година.

„Информациите за вирусот и бројните публикации во професионални списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека короната е несреќа во лабораторијата. Короната потекнува од лабораторијата во Вухан“, тврди Визендангер.

Според него, вирусот многу добро се „закачува“ на рецепторите на човечките клетки и успева да навлезе во нив, што не било типично за претходните видови на коронавируси и укажува на неприродно потекло.

Визендангер очекува во следните недели и месеци да има понатамошни студии и истражувања за потеклото на коронавирусот и се надева на докази кои ќе ја поддржат неговата теза.

Слични содржини