Германски политичар заработи зтворска казна за промовирање тетоважа од Аушвиц

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Германскиот политичар Марсел Цех, од крајната десница, осуден е денеска на осум месеци затвор поради јавно покажување тетоважа на нацистичкиот логор Аушвиц.

image

Станува збор за тетоважа на логорот Аушвиц и слоганот од влезот во концетрациониот логор Бухенвалд – Секому своето (Jedem das Seine).

Дваесет и осум годишниот Цех призна дека јавно ја покажал тетоважата на базен.

Пресудата следува откако Обвинителството се жалеше на одлука на Окружен суд во Оранинбург од декември кои изрекоа шест месечна условна казна.