Германски стручњак: Трамп ќе нападне, но цели и на Иран

од desk2

 

САД ќе изведе воздушни напади во Сирија, но за разлика од лани тоа нема да биде симболично, оцени стручњак за САД на Германското друштво за надворешна политика.

„Тогаш Трамп сакаѓе да покаже дека не е руска марионета. Истовремено не сакаше премногу да се истрчува и затоа претходно ја извести Русија. А тие ја предупредија Сирија. Овојпат нема да има претходни информации“, вели Јозеф Брамл за Дојче Веле, на прашањето како САД ќе одговори на наводниот напад со нервен гас во Сирија.

По повод заканата на Трамп дека сојузниците на сириската влада ќе платат висока цена Брамл вели дека пред се Иран треба да биде подготвен, затоа што тој и од други причини нишани на САД.

„Оние сили кои во Сирија го поддршуваа Иран – тие веројатно и ќе бидат бомбардирани. САД може да го пресечат и воздушниот мост на тие трупи кој се протега и над ирачкиот воздушен простор“, вели тој.

Зборувајќи за можни акции на САД против Русија, Бралм изрази уверување дека тие ќе бидат минимални. „Трамп, кога се работи за Русија, има многу помалку воени опции и служејќи се со економски санкции ќе ќе стори таман толку да не се доведе пос внатрешнополитички пририсок. Затоа што, специјалниот обвинител Роберт Милер во САД води истрага против него“, додава.

Брамл рече дека верува оти „Сирија за САД е само споредно воено поле во судирот со Иран“.

„Сега претсоти излегување од нукеларниот договор во мај, и тогаш ќе се заостри конфликтот. Мешањето на Иран и Сирија би можело да послужи како нивно оправдување за нивната постапка. Не смееме да заборавиме дека Трамп неодамна критичарот на Иран, Џон Болтон го постави за советник за национална безбедност“, вели тој.

Слични содржини