Германија е неверојатно мултикултурна земја, што делумно се должи на нејзиното членство во Европската Унија и на нејзината политика, која одобрува престој на стотици илјади бегалци. Но последователно, против имигрантите се извршени голем број злосторства од омраза.

Еден германски супермаркет презеде одличен чекор, отстранувајќи ги сите странски производи на еден ден со цел да им потенцира на своите граѓани колку земјата зависи од надворешни извори.
Полиците на супермаркетот „Едека“ во Хамбург биле практично празни, со знаци поставени околу продавницата на кои пишувало: „Оваа полица е прилично здодевна бидејќи нема разновидност“ и „Нашиот избор има граници денес“.
На полиците ги немало шпанските домати, ниту грчките маслинки. Се чини дека кампањата помина одлично на социјалните медиуми.

„Едека се залага за разновидност. Произведуваме широк спектар на храна во нашиот асортиман кој се произведува во различни региони од Германија. Но заедно со производите од другите земји, ние создаваме уникатна разновидност што ја вреднуваат нашите клиенти. Среќни сме што добивме позитивни повратни информации во врска со акцијата“, изјави портпаролот на компанијата.
На почетокот од годината во Германија имало повеќе од 400.000 бегалци кои чекале одобрување по пристигнувањето во 2015 година.
