Германскиот контингент од 18 тенкови „Леопард 2“ предаден на Украинците

од Vladimir Zorba

Контингент од 18 борбени тенкови од типот „Леопард 2“ кои Германија вети дека ќе ги испрати во Киев за да ја поддржи Украина во војната против Русија, беше предаден на украинската граница, објави денеска Шпигел, повикувајќи се на неименувани извори.

Додаваат дека на Украина и се предадени и околу 40 пешадиски борбени возила од типот Мардер, се додава во извештајот, пренесува Ројтерс.

Германската влада на 25 јануари одобри испраќање на тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и нивен реекспорт од земјите партнери.

Слични содржини