Германскиот пасош најмоќен во светот: На кое место се наоѓа македонскиот?

од Stefanija Kuzmanovska
1,6K прегледи

Германија го има најмоќниот пасош на светот, а патната исправа на Македонија се наоѓа на 78-мо место, според листата на VisaGuide.World.

На листата на најмоќни пасоши, која вклучува 199 земји и територии, Шпанија го зазеде второто, а Италија третото место.

Во топ 10 се пасошите на Сингапур, Франција, Холандија, Финска, Шведска, Данска и Унгарија, пренесува „Танјуг“.

Српскиот патен документ е на 67-мо место, а од регионите зад него се Црна Гора на 75-то место, Албанија на 81-во и Босна и Херцеговина на 82-ро место.

VisaGuide за рангирање на светските пасоши користи уникатна методологија DSS (Destination Significance Score) која на секој пасош му дава единствена вредност, така што нема два исто рангирани пасоши.

Вредноста на DSS се доделува на секоја земја или територија врз основа на политиката за влез применета на пасошот, БДП, Индексот на моќност, Индексот на туризмот и Индексот на човечки развој, како и други фактори.

Слични содржини