Германскиот суд ги отфрли обвиненијата против главниот осомничен во случајот на малата Меди

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Судот во германскиот град Брауншвајг ги отфрли обвиненијата за силување и сексуални престапи против Кристијан Брукнер, кој беше идентификуван како официјален осомничен во случајот на Медлин Мекен, објави неговиот адвокат.

Одлуката на судот значи дека правните власти во Брауншвајг немаат јурисдикција над случајот „Меди“, Британка која исчезна во Португалија во 2007 година кога имала три години, изјави адвокатот Фридрих Фулшер, пренесе „Ројтерс“.

Брукнер минатата година беше обвинет за три обвиненија за тешко силување и две дела за сексуална злоупотреба на деца во Португалија во периодот од декември 2000 до јуни 2017 година.

Обвиненијата не беа директно поврзани со случајот „Меди“, но бидејќи ги отфрли и ја укина наредбата, повеќе не можеше да се очекува судот да го разгледува ниту тој случај.

Брукнер, осуден злоставувач на деца и дилер на дрога, кој е зад решетки во Германија за силување на 72-годишна жена во истата област на португалскиот регион Алгарве каде исчезна Медлин, официјално беше идентификуван како осомничен во случајот „Меди“ минатата година.

Германската полиција објави во јуни 2020 година дека Медлин се претпоставува дека е мртва и дека најверојатно за тоа е одговорен Брукнер.

Слични содржини