166
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек, по враќањето од посетата на Чешка и Австрија, беше позитивен на тестот за ковид 19.
Прво брзиот, а потоа и ПЦР тестот бил позитивен, соопштија од неговата канцеларија во Берлин.
Хабек се вратил во Берлин од Виена со симптоми на настинка.
Тој веднаш отишол во изолација и бил тестиран, а ги откажал сите термини на кои требало лично да присуствува.