Германските форензичари и техничари стапнаа во опожарената болница

од Nikola Popovski
312 прегледи

Во текот на утрово германските техничари и форензичари пристигнаа и стапнаа во опожарената модуларна болница за ковид-пациенти во Тетово, која на 8 септември вечерта пламна при што настрадаа 14 лица, а 12 пациенти беа повредени.

Тие во земјава стигнале со својата опрема.

Како што информира Владата, станува збор за германски тим од Федералната криминалистичка служба, кој е составен од  двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Од таму појаснуваат дека германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тие ќе имаат улога на мониторинг во истрагата.

Слични содржини