Само 18% од Германците ги поддржуваат социјалдемократите.

Друго истражување открива дека како целина Германците се против водачот на најголемата левичарска партија во Германија Мартин Шулц да биде заменик-канцелар при евентуална Голема коалиција со демохристијаните на канцеларот Ангела Меркел.

ИСТРАЖУВАЊАТА  на институтот Форса покажуваат дека конзервативците ја зголемија својата поддршка во минатата недела за 1% до 34% , додека социјалдемократите изгубиле 2%.

Од анкетата на YouGov за ДПА, станува јасно дека 33% го поддржуваат министерот за надворешни работи Зигмар Габриел од социјалдемократите да остане заменик-канцелар , ако коалицијата се обнови додека само 22% го поддржуваат Шулц. 39% не можат да се решат и остануваат неопределени.

11% од Германците сакаат Шулц да го преземе Министерството за надворешни работи против 32% за Габриел. 40% немаат мислење за ова.

Во партијата на социјалдемократите 50% поддржат Габриел како министер за надворешни работи , а 13% – Шулц, но поддршката се менува, што се однесува до функцијата на заменик-канцелар, бидејќи Шулц е поддржан од 40%, а Габриел од 37 отсто.

По неколку дена социјалдемократите ќе одржат конгрес, на кој ќе се одлучи дали да започнат официјални преговори за коалиција со конзервативците.