Германското разузнавање не најде руска трага за сајбер напади, затоа го скри извештајот, кој сепак открива нешто

од desk2
71 прегледи

Едногодишна истрага на Германското надворешно разузнавање (БНД) не откри докази за интервенција на Кремљ во германската внатрешна политика, соопшти “Политико”, повикувајќи се на “Зидојче цајтунг”.

Германското разузнавање не пронашол конкретни факти кои докажуваат активирање на дезинформационни кампањи, насочени против владата во Берлин, и одлучила да не го објавува 50-страничниот извештај истрагата, за да не се изострат односите со Москва.

Службите речиси една година се обидуваа да одговорат на важно прашање – дејствува ли долгата рака на Кремљ на германска територија?

Канцеларката Ангела Меркел нареди истрага по случајот “Лиза”, кој ги затегна односите меѓу Берлин и Москва. Првичната информација дека 13-годишното девојче со руски корени било силувано од бегалец, беше упорно негирана од германските власти.

Се родија сомнежи дека Русија може да го режирала настанот – информацијата и подоцна имаше за тоа протести. Следеа и дипломатски ноти меѓу двете земји. Германија ја повика Русија да не го политизира случајот.

Германските служби се загрижени во месеците пред клучните парламентарни избори, дека може да има надворешни сајбер напади и обиди да се влијае на јавното мислење. Тоа се случи откако претходната администрација на САД им предаде на неколку европски држави таен извештај за сајбер нападите за време на предизборната кампања во земјата, за кои Вашингтон ја обвинува Москва, стравувајќи дека истото ќе се случи и пред изборите во голем број европски држави, потсетува ” Политико “. Оваа година претстојат избори во Германија, Франција, Холандија и Норвешка, наведува весникот.

Во извештајот на разузнавањето се вели дека Русија тргнала по “пат на конфронтација” против Германија од 2014 година, а Sputnik News и RT Deutsch се “оружјето” во оваа насока. Во моментов нема докази дека Русија се меша во работите на Германија, гласи документот.