Ги детектираа земјите со најмногу војници од “Исламска држава“

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Петте најголеми центри за регрутирање екстремисти се во Тунис, Саудиска Арабија, Русија, Турција и Јордан

 

Од најблиското опкружување Босна и Херцеговина се рангираше на седмото место по бројот на членовите на “Исламска држава” по глава на жител, покажуваат последните податоци на тамошниот Национален институт за економски истражувања.  Пред земјата се рангира Тунис, Малдиви, Јордан, Либан, Косово и Либија. Според вкупниот број членови на џихад група, независно од бројноста на населението, Босна и Херцеговина се рангираше на 15-тото место. Од податоците на Институтот станува јасно уште дека кон ИД се приклучи 330 босански државјани.

Инаку стражувањето покажува дека петте најголеми центри за регрутирање екстремисти се во Тунис, Саудиска Арабија, Русија, Турција и Јордан