Ги немаме ресурсите од Реал Мадрид, вели Тошковски за проблемите со личните документи

од Nikola Popovski

Имаме само еден скенер. Тие се луѓето и тие се условите. Ако и другите ги вклучиме на процесот со скенирање, ќе го зголемиме хаосот. Многу е тешко кога треба да носиш одлуки со ограничени ресурси. Имам еден пријател вели „а бе и јас сакам да имам играчи од Барселона (ако фирма ја третираме како фудбалски клуб), ама ги немам и играм со играчи од трета лига“. Сакаме да ги имаме ресурсите од Реал Мадрид, ама ги немаме, тоа е сега, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за проблемите со промената и фотографирањето за личните документи.

Самиот вели дека кога дошол на функцијата побарал да се набави уште една машина за печатење на пасоши.

-Гледаме максимум да направиме во рамки на тоа што имаме како капацитет. Видовме дека е проблем принтањето. Прво, не можеш да купиш таква машина едноставно. Второ, и да договориш, не може надовр од план за јавни набавки и да се вадат надвор од Буџетот. Рок на испорака е година дена. Бараме од компанијата ако може нешто да ни донира, рече меѓу другото, Тошковски во емисијата „Слободен печат“.

Слични содржини