Ги „олеснил“ за речиси 6000 евра ветувајќи им термини за виза

од Nikola Popovski

Триесет и тригодишен жител на Мала Речица заработи кривична пријава откако се сомничи дека од јануари до април годинава на три лица им зел пари ветувајќи им дека ќе им обезбеди побрзо термини за виза во странска амбасада.

Во периодот од јануари до април 2023 година, три лица од Тетово и тетовско стапиле во контакт со пријавениот за да им помогне за побрзо закажување на термини во странска амбасада за добивање на виза.

Притоа, тој побарал преку брз трансфер на пари да му уплатат парични средства на негово име и им ветил дека во рок од две недели ќе им закаже термин.

На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.600 евра.

Слични содржини