“Одред самоубијци” предводи на листата за најлошите филм на 2016 година на списанието Rolling Stone (Ролинг Стоун), објави Контактмјузик. Блокбастерот за банда цртани ликови негативци кои сакаат да го спасат светот, ги замени на првото место “Warcraft: Почетокот” и новиот филм на Вил Смит “индиректна убавина”, кој беше охулен од критичарите. Следат “Сојуз” со Бред Пит и Марион Котијар и “Пекол” со Том Хенкс.

Во првите десет се исто “Денот на независноста: Нова закана”, “Алиса во алтернативниот свет” и режисерско деби на Јуан Мекгрегор “Американска идила”.
Минатата недела мјузиклот “La La Land” предводеше на листата на списанието Rolling Stone за филмовите на годината. Во првата петорка на оваа листа се “Манчестер до морето”, “Месечината” и “Огради” ( “Fences”) на Дензел Вашингтон и новиот филм на Мартин Скорсезе “Тишина”.