Ги следите ли на Инстаграм? Овие познати личности ќе ви ја направат изолацијата позабавна

453 прегледи

Самоизолацијата која се наметна од пандемијата со коронавирусот за многу познати личности стана причина да бидат поактивни на социјалните мрежи.

И додека некои повремено објавуваат фотографии со долги пораки за заштита или поздрав кон фановите и семејството, некои ѕвеезди отидоа чекор понатаму па секојдневно ги забавуваат своите фанови и се обидуваат да ги орасположат во овие стресни моменти.

Мајли Сајрус

Своето дневно шоу го нарекува Bright Minded Miley, а оди на Инстаграм од понеделник до петок, а во него гостуваат и други познати личности како Деми Ловато и Хејли Бибер. Во шоуто разговараат за психолошкото здравје, поп културата, шминка и многу други теми.

Карди Би

View this post on Instagram

I said what I said

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Раперката нема свое шоу како Мајли, но често се јавува преку Инстаграм Лајв и IGTV видеа во кои искрено се обраќа на својата публика, разговара за моментално актуелните теми на претпознатлив уребесен начин.

Џон Мајер

View this post on Instagram

A Simple Misunderstanning.

A post shared by John Mayer 💎 (@johnmayer) on

Пејачот секоја недела има свое шоу, Current Mood во кое исто така му се придружуваат познати личности.

Заедно дома

https://www.instagram.com/p/B9_08tdn209/

Светската здравствена организација и Global Citizen со заеднички сили го креираа профилот Together at Home на кој познати личности како Камила Кабејо и Шон Мендез одржуваат мини концерти или одговараат на прашања како што тоа го направи актерката Прјанка Чопра.

Слични содржини