Ги снема милијардите на Гадафи

од desk2
124 прегледи

Од белгиските банки исчезна дел од парите на убиениот либиски лидер Муамер ал Гадафи, јави телевизијата RTBF.

Со одлука на Советот за безбедност од ОН од 2011 година средствата на Гадафи беа замрзнати.

Во тој момент во банките „BNP Paribas forties“, ING, KBC и „Euroclear bank“ се наоѓаа повеќе од 14 милијарди евра на поранешниот либиски водач.

Одлуката на Советот за безбедност на ОН не се однесуваше на каматите.

За осум години таа сума се зголеми меѓу 3 и 5 милијарди евра и токму тие пари исчезнаа. Се претпоставува дека завршиле во рацете на групите кои војуваат во Либија. Во тек е истрага.

За исчезнување на 10 милијарди ева од замрзнатите либиски сметки пишувано е и порано.

Потсетваме, во 2013 година на нив имаше 16 милијарди евра, а во 2017 година, кога белгиската влада по истрага за перење пари имаа намера да конфискуваат имоти, откриени се само 6 милијрди евра.