Гилотина за најбогатиот човек во светот (видео)

од Nikola Popovski
506 прегледи

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во Вашингтон, барајќи забрана за корпорацијата, донеле гилотина пред неговата врата.

Видеото објавено на Твитер во неделата прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотина – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.

„Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да ги извадиме ножевите“, викнал еден од демонстрантите на мегафон.

На постерот преку кој се повикува на протести пишувало: „Поддржувајте ги сиромашните, а не богатите“.

Настанот бил објавен на Твитер во саботата. На постерот се обвинува „Амазон“ за надгледување на вработените со помош на полицијата, поттикнување „расистички стравови“ и уништување на синдикатите.

„Амазон го отпушти и расистички го клевети лидерот на синдикатот Крис Смолс. Придружете ни се за да му кажеме на Безос дека доста беше “, се наведува на постерот.

Крис Смолс бил отпуштен откако протестирал поради лошите работни услови за време на пандемијата на коронавирус.

Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лоши услови за работа и за ниски приходи на вработените.

Безос важи за најбогатиот човек во светот, чии средства се проценуваат на повеќе од сто милијарди долари.

Гилотината е еден од симболите на Француската револуција од 1789 година, кога Јакобинците ја соборија монархијата и ги осудуваа аристократите и непријателите на режимот со обезглавување.