Гинекологија доби нова директорка, веднаш ја обвинија дека е „сончоглед“

од desk2
149 прегледи

Д-р Викторија Јовановска од министерот за здравство Арбен Таравари е именувана за нова директорка на клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Сепак, за почеток се шират критики не за нејзината досегашна кариера и професионално резиме, туку за политичката припадност.

Дел од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Јовановска била кадар токму на оваа партија и дека присуствувала на партиски настани во Струмица кога гостувал екс премиерот Никола Груевски. Исто така ја посочуваат како блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев.

Инаку д-р Викторија Јовановска е повеќе години дел од „Гинекологија“ и е помлад асистент предавајќи 5 предмети на дипломски и постдипломски студии на медицина. Таа доаѓа на чело на клиниката која бележеше катастрофални резултати со голем број на починати бебиња при породување, како и смрт или компликации кај родилките.

Јовановска доаѓа како замена за досегашната директорка Марија Хаџи-Лега./Фактор