Гир бара да го забрзаме процесот на реформи

од Nikola Popovski

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека процесот на реформи во земјава и нивното импелемeнтирање треба да се движи многу брзо. Според него, динамиката на спроведувањето на тие реформи не е толку брза како што би сакала ЕУ и дека процесот на реформи бара сите политички партии да седнат заедно и да се согласат дека тоа е врвен приоритет за земјата за да може што поскоро да се зачлени во ЕУ.

Што се однесува до уставните измени, прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес.

-Всушност, со самото придвижување напред вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. Искуството од тие земји кои се зачлениле во Унијата е токму спротивното. Како што земјата напредува во тој пат кон ЕУ, всушност како зајакнува како земја, така и идентитетот и јазикот на земјата во рамките на Европската унија се засилуваат, изјави Гир при денешната посета на Крушево.

Слични содржини