Гир и Ангелов се запознаа со противпожарните активности

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Евроамбасадорот Гир и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перформансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес, соопшти ЦУК.

Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, како што се вели во соопштението, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава.

-Директорот Ангелов се заблагодари на евроамбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили  за одбрана од разбеснетата огнена стихија. Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС, посочуваат од ЦУК.

Слични содржини