Гир: Приоритет ни е деблокирање на преговорите со С. Македонија

од Nikola Popovski
224 прегледи

Го разбирам разочарувањето во земјата на ова последно одложување на почетокот на пристапните разговори. Луѓето разбираат дека Европската унија нуди најдобри изгледи за просперитет и стабилност заснована врз демократски вредности и владеење на правото. Следствено, тие сакаат да видат како преговорите започнуваат сериозно што е можно поскоро, изјави амбасадорот на Европската унија во Скопје, Дејвид Гир, во интервју за „European Western Balkans“ (EWB).

Според него, не треба да ја губиме од вид големата слика, затоа што приоритет на ЕУ е деблокирање на преговорите со С. Македнија.

„Прво, перспективата на ЕУ на Северна Македонија не е доведена во прашање. Сосема спротивното. Само во последните неколку недели слушнавме огромна и недвосмислена поддршка за интеграцијата на земјата во ЕУ од европските лидери и во Брисел и во земјите-членки на ЕУ. Местото на Северна Македонија е во ЕУ.

Второ, кога станува збор за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија, ние не го започнуваме процесот од нула.

Напорите на претходните претседателства на ЕУ постигнаа напредок. Актуелното словенечко претседателство со ЕУ вети дека ќе ги продолжи овие напори за деблокирање на процесот. Ова е точно време да останеме фокусирани и да ги поддржуваме сите напори да ги премостиме разликите и да го протуркаме ова преку границата. Паралелно, ангажманот меѓу Скопје и Софија треба да продолжи со цел да се најде заемно прифатлив договор за отворените билатерални прашања“, потенцира Гир.

Слични содржини