Гир: Со членството на земјата и македонскиот јазик ќе стане официјален јазик во рамки на ЕУ

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир на денешиот панел за афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура, порача дека на денот кога Северна Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ тогаш и македонскиот јазик ќе стане дел од семејството јазици на ЕУ и со тоа ќе стане официјален јазик во рамки на Унијата.

-Во ЕУ имаме 24 јазици што се во официјална употреба. Има и други јазици коишто ние во рамки на Европската Унија ги негуваме и всушност сите овие јазици се дел од нашиот колективен идентитет на ЕУ. Јас сум повеќе од сигурен дека на денот кога Северна Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ исто така и македонскиот јазик ќе стане дел од семејството јазици на ЕУ и ќе стане официјален јазик во рамки на ЕУ, нагласи Гир.

Со сето тоа, додаде евроамбасадорот, македонскиот јазик уше повеќе ќе се зајакнува што значи дека ќе имате една целосна армија на преведувачи и толкувачи кои ќе работат на превод на acqui-то или на превод на македонското законодавство т.е. на европските стандарди и практики.

-Сите тие ќе бидат преведени на македонски јазик така што со самото членство на Северна Македонија во ЕУ и вашиот јазик ќе стане наш јазик, дел од колективното семејство на јазици на Европската Унија и уште повеќе ќе се зајакнува. Токму поради таа причина ние во ЕУ даваме огромна поддршка на промоција на македонскиот јазик. ЕУ досега има финансирано превод на 400 книжевни дела, т.е. на романи пишувани од европски автори кои се преведуваат на македонски јазик. Унијата дава финансиска поддршка на годишната награда за превод во Северна Македонија наречена „Вавилон“ што се дава на млади преведувачи, рече Гир.

Слични содржини