Ѓекереш: Многумина ме сакаа, но јас сакав само во Арсенал

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Навивачите на Арсенал се возбудени. Конечно добија сериозно решение за класичната позиција централен напаѓач во ликот на Виктор Ѓекереш. Шведскиот голгетер истакнува дека, иако беше баран ова лето, единственото решение за него беше да се најде во Лондон.

Ѓекереш ова лето пристигна од Спортинг во трансфер кој на крајот би можел да достигне 75 милиони евра. Имаше заинтересирани страни, но беше јасно дека Арсенал е фаворит да го потпише.

– Вклучени беа многу клубови, но јас сакав само да дојдам во Арсенал. Ова е најдобриот клуб за мене. Не беше лесен трансфер. Некои луѓе постојано зборуваа во медиумите. Мислеа дека ги штитат интересите на клубот – рече Ѓекереш.

Тој има искуство играјќи фудбал во Англија, но не се снајде добро на Островот. Сепак, во последните две години тој целосно експлодираше во Спортинг, постигнувајќи 97 гола на 102 натпревари.

Слични содржини