Ѓоковиќ без финале на Австралија опен – го изгуби првиот сет и го предаде мечот поради повреда

од Nikola Popovski
57 прегледи

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда го загуби полуфиналето од германскиот тенисер Александар Зверев. Тој изгледаше добро на теренот Род Лејвер Арена, но завојот околу десната бутина предизвикуваше загриженост.

Се соочи со четири брејк топки во раната фаза од мечот, но сепак успеа некако да „преживее“. Зверев се закани во третиот гем, но Србинот не се предаде. Ѓоковиќ одговори со три последователни брејк шанси во следниот сет, а на тоа се извлече Германецот со руско потекло.

Мечот продолжи без прекин, гејм по гем, до тајбрејкот во кој немаше мини-брејк, се до 12-от поен кој му припадна на Зверев.

Набрзо следеше вистински шок, бидејќи Ѓоковиќ соопшти дека повеќе не може да игра поради повреда и беше принуден да се повлече од полуфиналето на Австралија опен. Колку добар тенис играа Србинот и Германецот, потврдува и фактот што воведниот и единствен, сет траеше неверојатни 82 минути.

Со пласманот во третото коло на Австралија опен, Ѓоковиќ го надмина рекордот на Роџер Федерер за најмногу сингл натпревари на Грен слем турнирите.

Сепак, овој турнир ќе остане запаметен и по некои работи надвор од тенисот. Австралиски новинар на 20 јануари му се извини на Ѓоковиќ за коментарите на телевизија за кои српскиот тенисер рече дека се „навредливи“. Новинарот на „Канал 9“, Тони Џонс, претходно им се обрати на фановите на српскиот ас дека „Новак е преценет“ и дека „времето го прегази“ во живо на програма на Австралија опен.

Оттаму Ѓоковиќ го одби вообичаеното интервју по неговата победа во четвртото коло на турнирот, бидејќи „Канал 9“ е официјален пренесувач на Австралија Опен.

Телевизијата исто така упати извинување, велејќи дека „нема намера да го навреди Новак или неговите обожаватели“.

Ѓоковиќ својата победа во третото коло ја посвети на студентката која беше тешко повредена на 16 јануари на протестот во Белград, кога во неа удри автомобил. По мечот Ѓоковиќ на камерата нацрта големо срце и напиша: „За Соња“.

„Јас и испраќам поддршка, нека се опорави што е можно поскоро. Бев шокиран, како и сите други, кога го видов видеото. Едноставно не ми се верува дека вакви работи се случуваат во денешно време“. Повика на мир и разбирање. „Јас сум против насилство од секаков вид, а се чини дека се повеќе се зголемува на улиците“, рече Ѓоковиќ.

Слични содржини