Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе бев „кренат до небо“ на спортски план во западниот свет

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на УС Опен и подигнувањето на 24. Гренд слем трофеј во кариерата изјави дека одамна ќе бил „кренат до небо“ на спортски план да не бил од Србија.

Ѓоковиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали сега важи за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, рече дека тоа треба да го проценат луѓето.

„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум или не, дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Факт е едно, да не бев од Србија, пред многу години ќе бев „кренат до небо“ на спортско ниво, особено во западниот свет. Но добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што доаѓам од Србија, ми дава верба и надеж, затоа се што постигнувам е уште послатко и ме исполнува дури и повеќе, а вие пишувајте што мислите“, рекол Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот, пренесе порталот „Спорт Клуб“.

Слични содржини