Ѓоковиќ оддаде почит на шеснаесеттата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Новак Ѓоковиќ им оддаде почит на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

„Молитви за 16“, напиша Новак Ѓоковиќ пред камерата откако го победи Новозеланѓанецот Ринки Хиџиката на турнирот во Мајами.

Да потсетиме дека 16 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Несреќата се случи на 1 ноември 2024 година околу 11:52 часот кога бетонска покривка на главната железничка станица во Нови Сад се урна на тротоарот. Првично имаше 15 загинати, но v;era почина и 18-годишен тинејџер кој беше меѓу тројцата извлечени од урнатините, кој стана 16-та жртва на оваа трагедија.

Тинејџерот, според извештајот на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, починал како последица на тешки повреди и компликации и покрај сите напори на лекарите.

Слични содржини