Ѓоковиќ по натпреварот меѓу Албанија и Србија: Големо браво за двете екипи за нивното однесување

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ ги пофали фудбалерите на Албанија и Србија за нивното однесување во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Фудбалерите на Албанија и Србија одиграа нерешено без голови во Тирана во саботата во квалификациите од групата К за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

„Почитта и фер-плејот се секогаш можни! Големо браво за двете екипи за нивното однесување“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

Слични содржини