19
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште чувствува траума од враќањето во Австралија, од која беше депортиран пред три години.
„Ќе бидам целосно искрен, последните неколку пати кога слетав во Австралија и поминав низ пасошка контрола, ја почувствував траумата од пред три години. Некои траги сè уште остануваат кога поминувам низ пасошка контрола, бидејќи само проверувам дали некој доаѓа од зоната за имиграција. Јас исто така го гледам лицето како ми го проверува пасошот – дали ќе ме одведат, дали ќе ме приведат или ќе ме пуштат“, изјави Ѓоковиќ за австралискиот „Хералд Сан“.
Тој изјави дека тоа не му пречело и дека се вратил следната година и по 10-ти пат го освоил Австралија опен.