Американскиот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на највлијателни луѓе помлади од 30 години во Европа, на која се најде и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

1314268903794_1314268903794_r

Тоа е прва таква листа која ја состави Форбс, на која се најдоа „најдобри кандидати од Европа во областа на филмот, телевизијата, музиката и спортот“, наведува Форбс.
Покрај тенискиот ас, од спортистите на листата се најдоа и руската тенисерка Марија Шарапова, Енди Мари, германскиот шампион на Формула 1 Себастијан Фетел.

Меѓу музичарите на листата доминираат Британците-Адел, Ед Ширан, Сем Смит, а тука се и Авичи од Шведска, како и ирскиот музичар Хозијер.

Највлијателни од светот на филмот се Ема Вотсон и Емилија Кларк од Британија.

Слични содржини