192
Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски му се обрати на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски преку писмо и од него побара да не „агитира“ кај европските сојузници дека македонските Бугари се фашисти.
Ѓоргиевски го советува претседателот и да не си игра со терминот „малцинство“ како и да запре говорот на омраза во, како што наведува, „контролираните медиуми“.
Тој испрати порака и дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е привилегија, туку право.