Ѓорѓи Николовски го фати крстот во Скопје: „Со Господ напред, се најдобро на сите, Господ е голем“

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.

– Посакувам здравје, среќа, спокојство на сите. Со Господ напред, се најдобро на сите, Господ е голем. Сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ, изјави Николовски.

Николовски доби пригодни подароци од Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија и од годинашниот кум.

Годината, пријавени беа 157 граѓани кои скокнаа во водите на Вардар за да го фатат осветениот крст што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Слични содржини