Ѓорѓиевски: Имаме создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини

од Milan1
28 прегледи

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, истакна дека загадувањето на воздухот е децениски проблем, и во насока на негово решавaње што тие како општина го презеле е тоа што за 3 години имааат засадено илјадници дрва и создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини.

-Премиерот Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето. Никогаш тој ниту јас или било кој друг од ВМРО-ДПМНЕ не ветиле решавање на проблемот преку ноќ. За оваа проблематика потребен е пристап од Владата, општините, Градот Скопје, сите инспекциски служби, како и од сите граѓани и академската фела. Потребно е дејствување од сите субјекти и во таа насока ние во општина Кисела Вода за 3 години имаме засадено илјадници дрва и создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини, изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека се преземени и серија на други мерки како набавка на прочистувачи во сите училници, набавка на мерни станици, како и 5 прочистувачи на отворено.

Слични содржини