Ѓумбирот го подобрува здравјето

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Ѓумбирот се препорачува и при депресија зашто го враќа организмот во негова рамнотежа и е природен антитоксин кој ја подобрува циркулацијата. Неговите благотворни дејства се многу, па затоа често го опишуваат како чудотворна билка.

gumbir2

Се нарекува топла билка бидејќи го отстранува внатрешниот студ. Свежиот ѓумбир ги загрева меридијаните на телото, стомакот, го зајакнува дигестивниот тракт, белите дробови, желудникот и слезенката, ја смирува главоболката предизвикана од нарушување на циркулацијата, бидејќи ја разредува крвта и на тој начин го олеснува пристапот на влезовите во мозокот.