„Глас за Македонија“: Масовно и бесплатно тестирање на населението за коронавирусот

од Берта Китинска

Партијата „Глас за Македонија“ преку соопштение бара бесплатно, масовно тестирање на населението за коронавирусот.

„По препораките на Светската Здравствена Организација само раното тестирање и брзата изолација на заразените е ефикасен начин за запирање на ширењето. Изолирањето на региони, се покажува неефикасно, бидејќи во просек секој заразен, заразува најмалку 10 околу него. Проблемот е што 80% од носителите немаат симптоми, а се високо заразни.

По примерот на Јужна Кореја која е засега пример за успешна прикаска, бараме организирање на неколку регионални центри за тестирање, каде луѓето кои се тестираат остануваат во колите (drive through clinic) и целата постапка трае 10 минути, за разлика од амбулантите кои мораат да се дезинфицираат после секој пациент. Резултатот го добиваат следниот ден на телефон во порака. Вакви центри веќе се организираат во повеќе земји и тоа е начин кој не бара богата инфраструктура.

Македонија е мала земја и може да се заштити на овој начин. Најпрво да се почне со оние кои патувале во последните 2-3 недели (кои сега слободно се движат помеѓу луѓето), со ранливите категории и со оние кои дошле во контакт со заразен и се наоѓаат во таканаречена само изолација, која не се проверува.

Пари за тестирање мора да се најдат. Предлагаме сите членови на разни управни и надзорни одбори да работат бесплатно, како што впрочем и треба да стане редовна пракса.

Сега е моментот, кога навидум нема многу заразени. Но, кога луѓето не се тестирани таа бројка е сосема непозната. Можеби ги има многу повеќе.

Глас за Македонија бара да се покаже висока одговорност и знаење за спречување на оваа смртоносна болест, која може веќе утре да се рашири како пожар“ се вели во соопштението.

Слични содржини