Парламентот во Велика Британија одлучи да го одложи гласањето за новиот доворот за Брегзит, кој Брисел и Лондон го постигнаа неделава. Вкупно 322 пратеници гласаа за одлуката гласањето да се одложи, додека пак 306 беа против.
Оваа одлука би можела да го примора на барање за ново пролонгирање на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија премиерот Борис Џонсон.
Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор, додека пак Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.
Во меѓувреме, пред Парламентот се одржуваат протести на движењето кое бара нов референдум за излегување од Европската Унија, на кој протестираат десетици илјади Британци.