„Гласен текстилец“ објави дека успеале дека после две години судски постапки против македонска фирма, а подоцна и преговори со странските брендови, да објават дека странски модни брендови исплатиле надомест (парична надокнада) на текстилни работнички од Штип во отсуство на исплата на побарувањата на работниците од страна на македонскиот „газда“, во која фирма овие брендови ги шиеле своите парчиња облека.
-По две години преговори, успеавме за 32 работнички да им бидат исплатени побарувања од износ од скоро 42.000 евра кои се однесуваат на К15, три плати, испратнини поради откази од деловни причини, како и штета направена на бремена работничка која изгуби право на платено породилно отсуство, истакнаа од „Гласен текстилец“.
Истакнуваат дека ова е нешто што се случува за прв пат во Македонија, па и на Балканот, каде претежно се наоѓаат фирмите кои шијат за странските модни брендови.
-Ова укажува дека европските брендови се општествено одговорни за разлика од компаниите кои работат во нивниот синџир на производство но ваквите случаи можат да предизвикаат прекин на соработката со неодговорните работодавачи од државите производители.
Ова е доказ дека македонските работодавачи кои работат за странски компании не се недопирливи и при вакви случаи можат да се соочат со одредени штетни последици, порачуваат од здружението.