„Гласен текстилец“ побара од работниците да пријават доколку не им е исплатен К-15

од Nikola Popovski
313 прегледи

Од невладината „Гласен текстилец“ побараа од работниците до 15 јануари 2022 година, да пријават доколку не им е исплатен регрес од годишен одмор или им е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можат да реагираат и пријават до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран.

-Исто така сакаме да ве известиме, во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараме да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници/чки.

Ги повикуваме ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ, соопштија од „Гласен текстилец“.

Слични содржини