„Гласен Текстилец“: Прва кривична пресуда добиена во текстилната индустрија, победа за работниците

од Nikola Popovski
295 прегледи

Здружението Гласен Текстилец од Штип информира дека текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против нејзината сопственичка која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105.924 денари.

-Судот по одржаната главна, јавна и усна расправа ја огласни за виновна Соња Дамјанова од Делчево каде за кривично дело ,,Повреда на права од работен однос “ по чл.166 од КЗ на Р.С.Македонија ја осуди на парична казна од 500 евра во денарска противвредност односно 30.750,оо денари и за кривично дело ,,Фалсификување на исправа” по чл.378 ст.1 од КЗ на Р.С.Македонија ја осуди на парична казна од 500 евра во денарска противвредност односно 30.750 денари, односно осудената Соња Дамјанова од Делчево треба да плати парична казна од 31.530,оо денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924,оо денари, соопштија од здружението.

„Гласен текстилец“ ја поздравува ова судска одлука и со ова сака да се воспостави конечно пракса во однос на кривични дела за работните односи против работодавачите, поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела кои што се застапени против работните односи и да започне да се практикува Кривичниот Законик, а не како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.

-Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, додаваат од здружението.

Слични содржини