Главчев ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди заклучоците за С. Македонија

од Nikola Popovski
151 прегледи

Техничкиот бугарски премиер Димитар Главчев ќе инсистира од Европскиот совет да ги потврди заклучоците во однос на Македонија, соопшти тамошната владина прес-служба.

Министерскиот совет на Бугарија посочил дека „нивната земја ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Северна Македонија“.

Според бугарските медиуми, Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде „при разговорот на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Северна Македонија да ги преземе наведените чекори за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција“.

Според Главчев, важно е да се истакне дека клучно останува исполнувањето на сите заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ.

На 25 јуни, Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со став во кој како неприфатлива ја оцени, како што велат, наведената намера на Макединија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ставот беше во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на долгонајавуваните и споменувани уставни измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата, кои се условот Македонија да ги започне преговорите со ЕУ. Мицкоски истакна дека доколку има желба и политичка волја може да се промени Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.

Слични содржини